Не. Согласно со одлуката на ЕУ за либерализација на визниот режим со Република Македонија донесена на 19 декември 2009 г., на македонските државјани им се овозможува безвизен влез и краткорочен престој до 90 дена, во период до 180 дена, во сите земји членки на Европската Унија, освен Велика Британија и Република Ирска. Одлуката ја применуваат и државите потписнички на Шенгенскиот договор: Исланд, Норвешка и Швајцарија.
Напоменуваме дека за влез во Велика Британија и Република Ирска е потребно да се обезбеди соодветна виза пред патувањето.
Ако често патувате во Шенген-зоната, ваша е одговорноста да го пресметате преостанатиот број на денови од шестмесечниот период. Оттаму, може да остварите повеќе кратки патувања, под услов дека времетраењето на сите тие патувања да не е подолго од вкупно 90 дена во период од 180 дена.
За престој подолг од 90 дена, потребно е државјаните на Република Македонија да аплицираат за долгорочна виза или за дозвола за престој.