Во Берлин почина македонскиот амбасадор Рамадан Назифи

Во име на Централниот совет на Македонците во Германија, сакаме да изразиме длабоко сочувство до роднините, пријателите и колегите во амбасадата и Министерството за надворешни работи на македонскиот амбасадор во Берлин, Рамадан Назифи.

Со голема жалост ја примивме веста за неговата прерана смрт. Прекрасен човек го напушти нашиот реален свет. Почивај во мир амбасадоре Назифи, Господ да ти прости драг пријателе Рамадан!