Централниот Совет на Македонците во Германија, преку високи владини извори со кои имаме долгогодишни односи и целосна доверба, доби ексклузивни и прецизни информации дека разговорите меѓу Македонија и Обединетото Кралство се фокусирале само на унапредување на соработката во борбата против илегалната миграција.
Овие извори категорично истакнуваат дека воопшто не постојат разговори, планови или иницијативи за враќање на одбиени азиланти од Обединетото Кралство во Македонија.
Според нив, таквите тврдења не се само целосно невистинити, туку и правно невозможни, бидејќи враќањето лица во трета држава што не е нивната матична земја би било спротивно и на британското и на македонското законодавство.
Дополнително, високи владини извори потврдуваат дека не постои никаква опција или размислување за отворање кампови, центри или било каква форма на прифаќање на одбиени азиланти.
Фокусот на разговорите бил исклучиво на техничка, безбедносна и правна соработка, а не на прифаќање лица кои веќе биле одбиени во Британија.
