Културна промоција: „Македонско Сонце – Дизелдорф“ со настап на Next Time

Вечер на култура, размена и признанија: Централниот совет на Македонците ги истражува искуствата на македонската заедница во Дизелдорф

Во сабота, 17 февруари 2024 година, Централниот совет на Македонците имаше привилегија да учествува на прекрасен настан организиран од Македонскиот културен центар во Дизелдорф „Македонско Сонце“. Бевме поканети на концертот на „Некст тајм“ и бевме обземени од топлата атмосфера и впечатливиот настап.

Во текот на настанот, бевме изненадени со извонреден гест на благодарност. Културниот центар „Македонско Сонце“ на Централниот совет на Македонците ни додели благодарница за нашата поддршка на играорната група на центарот. Со обезбедување на традиционални македонски носии, им овозможивме на над 20 момчиња, девојки и возрасни подобро да ја претстават и прославуваат македонската култура и традиција на сцената. Оваа можност да ја оживееме нашата култура преку нивниот талент и посветеност не исполнува со голема радост и гордост.

Покрај тоа, Централниот совет ја искористи можноста на настанот да дознае и размени информации за секојдневните искуства на Македонците од Дизелдорф и околината.

Изразуваме најискрени благодарности до д-р Блашко Димковски, претседателот на управниот одбор, како и до сите членови и учесници во културниот центар „Македонско Сонце“ за оваа прекрасна можност да ги засилиме нашите заеднички напори и културни врски. Признанието е почесна за нас и знак на признавање за блиската врска помеѓу нашите организации.

Дополнителна благодарност имаме за групата „Nextime“, Сања Лефкова и Дејан Здравков кои со нивната восхитителна музика и присуство на сцената, ја создадоа незаборавната вечер.

На играорната група од „Македонско Сонце“ им посакуваме уште повеќе професионални успеси, пред сè многу забава и успешно претставување на здружението и нашата македонска култура, како што тоа веќе го прават.

Со огромно задоволство ги запамтуваме моментите од овој настан и нетрпеливо го очекуваме следниот, каде ќе продолжиме да го прославуваме нашето македонско наследство и нашата македонска култура и традиции.