Средба со драмскиот актер Божидар Коцевски

Претседателот Роберт Кленкоски и заменик претседателот Горан Николоски преку платфомата Zoom оствариja средба со Божидар Коцевски, актер, уметник и драмски артист

Г-д Коцевски ја поздрави иницијативата на Централниот совет на Македонците за воспоставување контакт и за размислување на можностите за соработка во областа на култура и уметноста. На средбата присуствуваше и д-р Александар Спасов.

Г-дин Коцевски, кој течно зборува 4 јазици, е роден 1989 г. во Штип, Република Македонија и израснал во Хајделберг, покраина Баден-Виртемберг. По завршувањето на двојазичнaтa матура на гимназијатa Бунзен во Хајделберг, студирал на Универзитетот за уметности во Берлин до 2013 година.

Во меѓувреме, Коцевски гостуваше во следните театри: ХАУ Берлин, Максим Горки Театар Берлин, Нејкелнер Опер Берлин, Театар Штрал Берлин, Германски Театар Берлин. Од сезоната 2012/13 до 2015/16 година беше член на ансамблот на театарот Фрајбург, а во сезоната 2016/17 играше како постојан член на ансамблот во Германски Театар Берлин. Следеа неколку појавувања во ТВ серии и радиодрамски претстави, како и во кратки и кино филмови.

Во подготовка е детално интервју со г-д Коцевски.